Куман: Суарез требаше да остане и да докаже дека грешам

Куман: Суарез требаше да остане и да докаже дека грешам

пред 3 години

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека уругвајскиот напаѓач Луис Суарез требал да остане во Каталонија и да докаже дека тренерот греши, наместо да се реши за трансфер во Атлетико Мадрид.

Куман веднаш по ангажирањето му соопштил на 33-годишниот Суарез дека веќе нема да биде стартер во тимот по шест успешни сезони на „Ноу Камп“, но сега вели дека не планирал тој да направи трансфер.

„Околу Суарез, беше многу тешко тој да биде стартер и веднаш му го соопштив тоа. Нему тоа му падна лошо, но јас немав проблеми со него – тренираше добро. На крајот реши да замине и му кажав дека требаше да остане и да докаже дека грешам. Немам проблеми со Луис, но клубот мора да се подмлади. Ансу Фати игра и има 17 години. Педри исто така, Роналд Араухо има 21, Тринкао има 20, го купивме Сержињо Дест со 19 години. Тоа се фудбалерите за иднината“, вели Куман.

Лионел Меси го критикуваше клубот што го продаде неговиот близок пријател, и Куман вели дека го разбира тоа.

„Кога имаш некој во соблекувалната со кого ти и твојата сопруга и деца се дружите, реакцијата е нормална. Му кажав и на Меси дека мора да разбере дека тоа е изборот на клубот“, додава Холанѓанецот.

Share
Scroll to Top