Реал, во саботата, трет пат беа поразени на домашен терен во Ла Лига. „Кралскиот клуб“, падна пред Леванте, во чии редови, македонскиот репрезентативец Енис Барди, асистираше за победничкиот гол кој го постигна Роџер Марти во 78.минута.
Реал, од деветтата минута, против Леванте играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби Едер Милитао.
Поради тоа играчите на леванте ја контролираа играта и создадоа повеќе шанси. Тибо Куртоа, имаше неколку одлични интервенции, а во 64.минута му одбрани пенал на Роџер Марти.
„Не можеме да кажеме дека игравме лошо. Речиси цел натпревар моравме да се бориме со десетмина, а Леванте е добар тим киј на секого може да му направи проблеми. Тоа се случи и сега…“, рекол Куртоа.
Реал во Ла Лига, со два натпревари повеќе, има седум бода помалку од лидерот Атлетико. Од оваа перспектива одбраната на титулата делува како невозможна мисија.
„Мораме да се бориме до крајот. Лигата трае до крајот на мај, има уште многу да се игра. Вистина е дека Атлетико победува во серии и поради тоа се на врвот, мораме да се надеваме дека и тие ќе загубат некој натпревар“, истакнал поранешниот голман на Алетико Мадрид, кој во 2014 година со „јорганџиите“ ја освои титулата во Ла Лига.
Реал наредниот натпревар ќе го одиграат на 6.февруари во Уеска.