Куртоа со обновен договор со Реал до 2026

Куртоа со обновен договор со Реал до 2026

пред 3 години

Тибо Куртоа потпиша нов петгодишен договор со Реал Мадрид, со што сигурно ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2026 година.

Белгискиот голман пристигна од Челси во 2018 година за 35 милиони фунти, откако претходно играше три години како позајмен фудбалер во градскиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид. Со Реал, тој ја освои Ла лига во 2019/20.

29-годишниот Куртоа по пристигнувањето во Мадрид се промовираше во прв голман на тимот со 130 настапи, од кои во 52 меча не прими гол.

Share
Scroll to Top