Кутињо ќе направи неочекуван трансфер

Кутињо ќе направи неочекуван трансфер

пред 3 години

Филипе Кутињо, најголемото разочарување во актуелниот состав на Барселона, во јануари ќе го напушти клубот. Бразилецот не успеа да го убеди тренерот Чави дека за него треба да има место во тимот.

Медиумите го поврзуваат Кутињо со Њукалс, но „Мундо Депортиво“, тврди дека Бразиелцот нема да се пресели на „Сент Џејмс парк“, туку неговата дестинација ќе биде друг клуб од Премиер лигата.

Според овој извор, Кутињо е најблиску до преселба во Евертон, градскиот ривал на Ливерпул. „Мундо Депортиво“ не прецизира дали Евертон ќе го откупи Бразилецот или ќе го позајми од Барселона.

Кутињо од почетокот на сезоната одиграл 16 натпревари.

Share
Scroll to Top