Поранешниот талент на Милан, Патрик Кутроне пристигна во Италија каде што ќе ја комплетира позајмицата од Вулверхемптон во Емполи, откако не му прилегаше англискиот фудбал.
По кариерат во Милан, тој играше како позајмен играч во Фиорентина и Валенсија, пред трансферот во Вулверхемптон во 2019 година.
„Среќен сум што сум повторно дома. Го избрав Емполи бидејќи тоа е одлично место да се игра фудбал. Среќен сум и подготвен за акција“, изјави Кутроне.
Се верува дека се работи за обична позајмица без опција за купување на крајот на сезоната.