Кaнте: Прекрасно е да играш за Франција покрај Погба

Кaнте: Прекрасно е да играш за Франција покрај Погба

пред 3 години

Ѕвездата на Челси, Н’Голо Канте вели дека е вистинско задоволство да се игра покрај Пол Погба во француската репрезентација, откако двајцата немаат пораз кога играат заедно со „триколорите“ во 26 меча!

Канте го постигна единствениот гол при 1:0 победата на гости кај Португалија, заддржувајќи го совршениот скор во партнерство со Погба – 20 победи и 6 ремија. Додека Погба е под постојани критики за своите настапи за Манчестер јунајтед, за Франција тој секогаш е одличен, вели Канте.

„Тој беше повреден долго време и одамна не сме играле заедно. Се сеќавам на Светското првенство и секогаш е преголемо задоволство да се игра со него. Презадоволен сум од тоа како играме и на кое ниво сме. Од нас секогаш има големи очекувања, посебно како светски шампиони“, вели Канте за „Телефут“.

Share
Scroll to Top