Лазаров: Да изградиме репрезентација која ќе игра модерен ракомет

Лазаров: Да изградиме репрезентација која ќе игра модерен ракомет

пред 3 години

Македонската репрезентација ги започна подготвките за квалификациските натпревари против Данска. Дуелите со светскиот првак ќе биде деби за македонската легенда, Кирил Лазаров, на селекторската функција.

Лазаров во репрезентацијата го врати Филип Миркуловски, кој исто така ќе има двојна улога, ќе биде играч и во исто време помошник на селекторот-играч Лазаров.

„Сакам Македонија да игра модерен ракомет. Знам кои ни се недостатоците, нив ќе мора да ги искорениме, мораме да работите чекор по чекор. Имаме план на работа и за она што следува по дуелите со Данска. Ќе има смена на генерациите, да бидам искрен би бил среќен да не играм, да можеме да ја развиваме репрезентацијата околу младите“, рекол Лазаров.

Македонија ќе ја пречека Данска на 11.март, а три дена подоцна ќе гостува кај истиот противник во Алборг.

Share
Scroll to Top