Лапорта: Би сакал, но не можам да кажам дека Меси ќе остане

Лапорта: Би сакал, но не можам да кажам дека Меси ќе остане

пред 3 години

Лионел Меси е слободен играч. Прв пат по 21 година тој не е под договор со Барселона. На денешен ден пред точно 7.504 дена, Аргентинецот го потпиша својот прв договор со великанот од Каталонија.

Иднината на Меси ќе биде позната во наредните денови, или недели. Веројатно ќе остане на „Ноу Камп“. Претседателот Џоан Лапорта ги уверува навивачите дека Меси ќе остане, но дека тоа се уште неможе официјално да го потврди.

„Сакаме да остане. И Лео сака да остане, работите се движат во добра насока, но имаме проблем со финансискиот фер-плеј. Бараме решение кое ќе биде најдобро за сите страни. Би сакал да објавам дека останува, но во овој момент можам само да кажам дека се обидуваме да го најдеме вистинското решение“, рекол за „Онда Серо“, првиот човек на Барселона.

Share
Scroll to Top