Лапорта го повлекол првиот потег, му испратил понуда на Агуеро

Лапорта го повлекол првиот потег, му испратил понуда на Агуеро

пред 3 години

Жоан Лапорта, во неделата, се врати на претседателската функција во Барселона. Лапорта на почетокот од својот мандат треба да реши многу проблеми во клубот. Најпрвин тој треба да го убеди Лионел Меси да остане во клубот.

За да го задржи Меси во клубот, Лапорта ќе се обиде да го ангажира Серхио Кун Агуеро, кој летово ќе биде слободен играч. Меси е Агуеро не само што се добри пријатели туку се и кумови.

Аргентинскиот „TyC“, тврди дека Лапорта веќе испратил конкретна понуда до Агуеро. Според овој извор, Лапорта се обидува „ да убие две муви со еден удар“, да го задржи Меси и да добие квалитетен напаѓа, без оглед на тоа што Агуеро има 33 години.

Доколку ја прифати понудата, Агуеро по десет години ќе се врати во Ла Лига. Аргентинецот во Манчестер сити замина од Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top