Ларкин мотивиран против Барса

Ларкин мотивиран против Барса

пред 3 години

Шејн Ларкин го имаше својот најдобар меч оваа сезона, за Анадолу Ефес да стигне до 86:79 изненадувачка победа над Барселона благодарение на неговата фантастична трета четвртина.

Ларкин имаше 23 поени, 7 скока и 8 асистенции, а Ефес успеа да изддржи и покрај камбекот во финишот  на мечот. По неизвесно прво полувреме (43:43), домаќините имаа 25:7 низа во третата четвртина, за да направат предност од 18 поени. Барса реагираше и го намали водството на само четири поени (79:75) на две минути пред крајот, но немаше сили за целосен пресврт. Василије Мициќ додаде 17 поени, Крунослав Симон 16, додека за гостите, Никола Миротиќ имаше 18 поени, а Ник Калатес додаде 15.

Немања Недовиќ има фантастични 39 поени и 6 асистенции, но неговите Панатинаикос загубија со 89:81 од Макаби Тел Авив во драматична завршница. Иако Недовиќ имаше повеќе од половина поени на својот клуб, а Панатинаикос имаа 4 поени разлика, пред Драган Бендер двапати да го најде Скоти Вилбекин за да го врати водството на Макаби.

Вилбекин имаше 22 поени за Макаби, Отело Хантер и Илајџа Брајант завршија со 13 поени.

ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Црвена звезда 98:69 (30:12, 18:25, 21:17, 29:15)

Анадолу Ефес – Барселона 86:79 (18:24, 25:19, 25:11, 18:25)

Макаби Тел Авив – Панатинаикос 89:81 (21:12, 20:18, 18:22, 30:29)

Асвел Лион – ЦСКА Москва 78:87 (15:21, 26:25, 19:20, 18:21)

Реал Мадрид – Алба Берлин 91:62 (19:18, 26:12, 27:14, 19:18)

Share
Scroll to Top