Лацио ќе му даде шанса на синот на Канаваро

Лацио ќе му даде шанса на синот на Канаваро

пред 3 години

Андреа Канаваро, 16-годишниот син на поранешниот освојувач на „Златната топка“ и Светското првенство, Фабио Канаваро, официјално е дел од младинскиот тим на Лацио, се пофали римскиот клуб.

Канаваро досега работеше со Гуангжу Евегранде во Кина, каде што неговиот татко е тренер, но откако се врати во Италија да продолжи со студирањето, сега ќе биде дел од У-17 тимот на Лацио.

Фудбалот очигледно е во крвта на семејството Канаваро – Фабио Канаваро играше во Наполи, Јувентус, Парма, Интер и Реал Мадрид, додека неговиот постар брат Паоло, исто така беше фудбалер со настапи за Наполи, Парма, Верона и Сасуоло. Тој во моментов му е помошник на Фабио во Гуангжу.

Share
Scroll to Top