Ла Риоха го декласира Пелистер, импресивана партија на голманот Ледо

Ла Риоха го декласира Пелистер, импресивана партија на голманот Ледо

пред 2 часа

Ракометарите на Пелистер доживеаја дебакл на домашен терен, на отворањето на сезоната во Европската лига. Во Битола, вице првакот на Шпанија, Ла Риоха славеше со 31:24 (16:8).

Новиот тренер на Пелистер, Лино Червар и неговите избраници, вечерва добија час по ракомет од гостите од Логроњо.

Пелистер едноставно влезе во шпанската машина, која ја предводеше играчот на натпреварот, голманот Ледо.

Дека на Пелистер лошо му се пишува, беше јасно во воведните минути. Гостите отворија со 5:0, поота беше 9:2, а во 22-та минута 13:4. Нападот на Ла Риоха делуваше течно, но клучната разлика ја направи голманот Ледо, до 23-та минута тој имаше 10 одбрани, а голманите на Пелистер, Митревски и Хеидарирад ниту една.

Се очекуваше некава рекација на играчите на Пелистер во вториот период, но до неа не дојде. Најчесто, бесуспешно се обидуваа со индивидуални акции. Ла Риоха се знаеше да казни, а во еден момент ја достигна и највисоката предност од 11 гола.

На крајот голманот Ледо имаше 21 интервенции и три постигнати гола. Лобато беше најефикасен со шест, а Оливеира постигна пет гола. Петар Атанасијевиќ беше најефикасен со четири гола. Раритет е дека капитенот Кузмановски не постигна ниту еден гол.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Share
Scroll to Top