Леао пред реваншот со Звезда: Ние сме Милан, имаме само една цел!

Леао пред реваншот со Звезда: Ние сме Милан, имаме само една цел!

пред 3 години

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао пред реваншот од 16-финалето во ЛЕ против Црвена Звезда на „Сан Сиро“ вели дека неговиот тим има само една цел – премин понатаму.

„Ние сме Милан и секогаш играме на победа. Утре ќе е многу важно, сакаме да поминеме понатаму. Секогаш давам се од себе без оглед на позицијата. Најважно е да се дојде до победа, а не само да се асистира или да се постигне погодок“ смета младиот Португалец.

Тој смета дека поразите од Интер и Специја не го ослабнаа Милан.

„Не сме ништо послаби од пред она што го сторивме. Морам да му се заблагодарам на Пиоли, благодарение на него имам вистинска самодоверба секој ден. Исто така, благодарен сум и на своите соиграчи. Секогаш се трудам да ги послушам постарите. Во добра состојба сме, сложни и со кренати глави. Млади сме и сакаме да покажеме што можеме на теренот“ – вели Леао.

Share
Scroll to Top