Лебеф: За Погба најдобра позиција во тимот е клупата за резерви

Лебеф: За Погба најдобра позиција во тимот е клупата за резерви

пред 3 години

Арсенал, синоќа, по пауза од 14 години успеа да забележи победа на „Олд Трафорд“, над Манчестер Јунајтед. Пјер-Емерик Обамејанг го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал, кој беше досуден по непотребниот прекршок на пол Погба врз Ектор Бељерин.

Погба, никако не успева да се врати во посакуваната форма, можеби и поради експериментите кои со неговата позиција на теренот ги прави менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Против Арсенал, Солскјер, играше „дијамант“ формација во средината со Фред, Мек Томинеј, Погба и Бруно Фернандеш. Во вториот дел, по излегувањето на Фернандеш, Погба доби друга улога.

Поранешниот француски репрезентативец Франк Лебеф, за ЕСПН, ја коментирала играта на својот сонародник и открил која позиција кај Солскјер најмногу би му одговарала.

„Мислам дека не постои логично објаснување за формата на Манчестер Јунајтед. Против Лајпциг случајно победија, со многу среќа. Ова што го гледаме во Премиер лигата не е лошо од Јунајтед. Нивната игра драстично паѓа. Чудно е што играа „дијамант“ формација, бидејќи Оле сакаше централен играч во редот за врска да биде Погба. Очигледно тука имаше проблем, поради што во вториот дел го стави да игра како лево крило. Солскјер не знае што да прави со Погба. Мора повторно да размисли за неговата позиција на теренот, можеби клупата е најдобра опција за Погба во овој момент“, реко, Лебеф.

Share
Scroll to Top