Леброн во аут на „неопределено“ време, Лејкерс загубија кај Атланта

Леброн во аут на „неопределено“ време, Лејкерс загубија кај Атланта

пред 4 години

Леброн Џејмс си замина од игра во втората четвртина со повреда на скочниот зглоб, по што тимот потврди дека тој е во аут на „неопределено“ време откако Лејкерс загубија со 99:94 на гости кај Атланта хокс.

Актуелните НБА шампиони исто така се без Ентони Дејвис, кој има пропуштено 14 натпревари со повреда на ногата и најверојатно ќе биде во аут до април, менувајќи ја трката за плејофот во нбА лигата.

36-годишниот ветеран се повреди, но потоа постигна тројка со што ја зголеми серијата на натпревари со барем 10 поени на 1.036, но кратко потоа побара тајмаут и потоа замина во соблекувалната.

„Не сме го виделе да вика така, тоа е сигурно“, изјави Кајл Кузма по мечот.

Џон Колинс имаше 27 поени и 16 скока, Треј Јанг додаде 14 поени за Хокс, кои пак, имаат осум победи во низа под новиот тренер Нејт Мекмилан.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Мемфис – Голден Стејт 111:103

Филаделфија – Сакраменто 129:105

Милвоки – Сан Антонио 120:113

Л.А. Клиперс – Шарлот 125:98

Атланта – Л.А. Лејкерс 99:94

Share
Scroll to Top