Леброн се врати, Дончиќ доминираше против Јута – Детроит Пистонс вака не играле 18 години

Леброн се врати, Дончиќ доминираше против Јута – Детроит Пистонс вака не играле 18 години

пред 11 часа

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 11-та победа во 15-от натпревар од почетокот на сезоната. „Езерџиите“ на домашен терен ги победија Јута Џез со 140:126.

Доминираше Лука Дончиќ со 37 поени, пет скока и десет асистенции, по него следуваа Остин Ривс со 26 и Диандре Ајтон со 20 поени и 14 скока. Кај гостите се истакнаа Кејонте Џорџ со 33 и Лаури Марканен со 31 поен.

На овој натпревар, Леброн Џејмс, кој е во својата 23-та сезона во НБА, го одигра својот прв натпревар.

Еден од најдобрите кошаркари во светот забележа дабл-дабл учинок со 11 поени и 12 асистенции во своето деби.

Леброн така стигна до неверојатната бројка од рекордни 1.293 натпревари во кои имаше двоцифрен број поени.

Џејмс не успеа да постигне поен во првите 11 минути на теренот, но потоа погоди две тројки по ред, што беше доволно да го престигне Реџи Милер како шести најдобар тројкаш во историјата на лигата.

Изминатата ноќ, нова победа забележаа Детроит Пистонс. Лидерот на Истокот, ја забележа 13-та победа во сезоната, а триумфот во Атланта (120:112) беше нивни 11-ти по ред.

Кејд Канингем, кој се врати од повреда, постигна 25 поени со десет асистенции.

Џејлен Дурен, кој игра одлично оваа сезона, го заврши натпреварот со 24 поени, Данкан Робинсон постигна 14 поени.

Кај Атланта, Џејлен Џонсон имаше 25 поени, Хокс беа сериозно ослабени, бидејќи на теренот го немаше Закари Ризаше заедно со Треј Јанг и Кристапс Порзингис.

Резултати:

Орландо – Голден стејт 121:113
/Бејн 23 – Кари 34/

Бруклин – Бостон 99:113
/Портер 25 – Браун 29/

Сан Антонио – Мемфис 111:101
/Фокс 26 – Кауард 19/

Портланд – Феникс 110:127
/Шарп 29 – Букер 19/

Share
Scroll to Top