Роберт Левандовски целосно се рехабилитираше од повредата. Полјакот од денес започна да тренира со соиграчите. Најдобриот фудбалер во светот, се повреди пред еден месец, настапувајќи за Полска против Андора.
Баерн, без Левандовски, не успеа да го мине ПСЖ во четврт-финалето во Лигата на шампионите, додека во Бундес лигата, неговото отсуство не се почувствува. Баерн се лидери на табелата со 10 бода предност пред Лајпциг и во наредното коло ќе можат и математички да ја обезбедат новата титула во Бундес лигата.
Левандовски во последните четири кола, ќе се обиде да го урне рекордот на Герд Милер од сезоната 1971/72. Легендарниот напаѓач споменатата сезона ја заврши со 40 постигнати голови.
Во досегашниот тек од првенството, Левандовски постигнал 35 гола.