Левандовски побарал трансфер во Барселона

Левандовски побарал трансфер во Барселона

пред 4 години

Еден од водечките спортски медиуми во шпанската покраина Каталонија, Спорт, утрово објави сензационална информација. Спорт тврди дека Роберт Левендовски, решил кариерата да ја продолжи во Барселона.

„Левандовски го притиска својот менаџер, Пини Захави, да ги започне преговорите со Барселона и Џоан Лапорта“, пишува Спорт.

Полјакот има договор со Баерн до јуни 2023 година. Според Спорт, Барселона за него има подготвен договор до 2026 година.

 

Share
Scroll to Top