Леванте и Барди со реми против Кадиз ја завршија сезоната

Леванте и Барди со реми против Кадиз ја завршија сезоната

пред 3 години

Леванте и Кадиз, со нерешен резултат 2:2 ја завршија сезоната во Ла Лига, во која претходно обезбедија опстанок.

Натпреварот кој не им значеше ништо на двата тима, го отвори со гол напаѓачот на Леванте Роџер Марти во осмата минута.

До крајот на првиот дел, Кадиз, направија пресврт преку ветеранот Алваро Негредо во 14 минута и Карлос Акапо во 32.минута.

Конечниот резултат во 58.минута го постави Марио Мелеро.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, беше во почетниот тим на Леванте, а на теренот беше до 67.минута, кога го замени Хусе Луис Моралес.

Кадиз сезоната ја завршија со 44 поени, два повеќе од Леванте.



Share
Scroll to Top