Леванте со пресврт го победи Реал Сосиедад, триумф на Виљареал кај Осасуна

Леванте со пресврт го победи Реал Сосиедад, триумф на Виљареал кај Осасуна

пред 3 години

Леванте го победи Реал Сосиедад, а Виљареал славеше во Осасуна, во натпреварите кои се одиграа вечерва во Ла Лига.

Леванте, без повредениот Енис Барди, со пресврт, го победи второпласираниот тим во ла Лига, Реал Сосиедад. Гостите од Баскија го постигнаа првиот гол на мечот во 22.минута преку Исак. Шест минути подоцна израмни Роџер Марти. Резултатот 1:1 беше актуелен до 87.минута кога Де Фрутос на Леванте им ја донесе третата победа во сезоната.

Виљареал полесно од очекувањата победи кај Осасуна со 3:1. Морено погстигна гол во седмата минута, а пет минути подоцна црвен картон доби дефанзивецот на Осасуна Аридане. До крајот на првиот дел Бино Фер ја зголеми предноста на Виљареал.

Во вториот дел Роберто Торес од пенал го намали резултатот на 1:2, во 70.минута, а конечните 1:3 со својот втор гол, ги постави Морено во 86.минута.

Share
Scroll to Top