Лего потроши богатство за реклама со Роналдо, Меси, Мбапе и Винисиус

Лего потроши богатство за реклама со Роналдо, Меси, Мбапе и Винисиус

пред 2 часа

За кампањата пред претстојното Светско првенство, Лего одлучи да сними видео со четири од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Винисиус.

Лего кампањата им донесе огромни хонорари на сите нив, но се забележува дека постојат големи разлики меѓу нив.

Четирите споменати фудбалери снимија промотивно видео за Лего, кое имаше огромна публика низ целиот свет. Рекламата ги прикажува фудбалските ѕвезди како седат на иста маса и редат Лего коцки.

Иако во промотивното видео изгледа како да се заедно, Роналдо, Меси, Мбапе и Винисиус не поминале ниту еден момент во иста просторија. Снимањето било направено одделно, а снимката подоцна била монтирана во една сцена.

Она што најмногу ја заинтригирало јавноста биле бројките што ги заработиле играчите. Според медиумите, Лего инвестирал дури осум милиони долари во целата кампања.

Најголемиот дел му припаднал на Кристијано Роналдо, Португалецот собрал дури 3,5 милиони долари. Веднаш зад него е Лионел Меси со 2,6 милиони долари.

Останатите двајца фудбалери заработија многу помалку, Ембапе добил 850 илјади долари, додека Винисиус морал да се задоволи со 325 илјади долари.

Причината за ваквите разлики лежи во популарноста на социјалните мрежи. Роналдо е сè уште неоспорен крал на Инстаграм, со дури 673 милиони следбеници, далеку пред конкуренцијата.

Од друга страна, Винисиус има околу 60 милиони следбеници. Оваа разлика директно влијае на висината на хонорарите.

Share
Scroll to Top