„Л’Екип“ му дадоа брутална „тројка“ на Мбапе – тој беше „непостоечки“ против Сити

„Л’Екип“ му дадоа брутална „тројка“ на Мбапе – тој беше „непостоечки“ против Сити

пред 3 години

Килијан Мбапе обично е навикнат на огромен број на пофалби на своја сметка од страна на медиумите, но овојпат славниот француски спортски весник „Л’Екип“ беше брутален кон репрезентативецот оценувајќи го со 3 за првиот меч од полуфиналето на ЛШ против Манчестер сити, оценувајќи дека бил „непостоечки“ на теренот.

22-годишниот Мбапе, кој беше ѕвезда на четврт-финалето против Баерн Минхен, против Сити не успеа да упати ниту еден удар на голот, бидејќи едноставно му недостасуваше препознатливата експлозивност против Џон Стоунс и Рубен Дијаш во одбраната на „граѓаните“. Ова беше прв меч во ЛШ во кој тој бил стартер да нема ниту еден удар на голот, а исто така имаше вкупно 30 допири на топката, помалку од голманот на Сити, Едерсон со 31 допир.

„Л’Екип“ беше толку брутален кон Мбапе, што му дадоа помала оценка од таа на Идриса Геје, кој доби црвен картон во второто полувреме, а ниту Нејмар и Леандро Паредес не поминаа подобро со „четворки“.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top