Леклер на домашен терен ја прекина доминацијата на Ферстапен во квалификациите

Леклер на домашен терен ја прекина доминацијата на Ферстапен во квалификациите

пред 4 месеци

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за Големата награда на Монте Карло.

Ова е прв пат оваа сезона друг возач да го заземе првото место во квалификациите, бидејќи од почетокот на сезоната во квалификациите победуваше само Макс Ферстапен.

Оскар Пјастри ќе ја започне трката од второто место, додека Карлос Саинц е трет. Во вториот ред до Шпанецот трката ќе ја стартува Ландо Норис на Мекларен.

Следува Џорџ Расел од Мерцедес, Макс Ферстапен кој имаше блиска средба со ѕидот во последниот круг. Во Топ 10 се пласираа и Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли.

Гледавме возбудливи квалификации, како што е секогаш кога во Монте Карло.

Многу возбуда и многу изненадувања.

По првата рунда испаднаа Серхио Перез и Фернандо Алонсо. Мексиканецот заврши на 18. место во квалификациите, Шпанецот беше 16. Ова само ја потврди лошата форма на Мексиканецот, кој доколку продолжи вака може да го загуби местото во Ред Бул.

Освен тие двајца квалификациите по 18 минути ги завршија и Сарџент, Ботас и Жу.

Share
Scroll to Top