Леклер прв во Остин, Саинц втор, Расел со старт од пит-лејнот до шестото место

Леклер прв во Остин, Саинц втор, Расел со старт од пит-лејнот до шестото место

пред 2 месеци

Ферари забележа „еден-два“ победа на трката за Големата награда на САД. Прв низ целта на патеката во Остин мина Шарл Леклер, втор Карлос Саинц јуниор. Место на пиедесталот обезбеди и бранителот на титулата Макс Ферстапен. Брлијантна трка во Тексас возеше и Џорџ Расел од Мерцедес, кој стартуваше од боксот, во текот на трката доби казна од пет секунди и на крајот заврши на шестото место.

Болидите на Ферари делуваа моќни и вчера во спринт трката, а вечерва тоа го покажаа и во главната трка. Веднаш на стартото во првиот свиок, Леклер кој стартуваше од четвртото место успеа да се пробие на чело на колоната.

Леклер ја искорисит борбата на стартот меѓу Норис, Ферстапен и Саинц. Од моментото кога ја презеде челната позиција, никој не можеше да го стигне возачот од Монте Карло. Неговиот колега Саинц, благодарение на тимската стратегија успеа низ боксот да го мине Ферстапен.

На крајот најинтересна беше борбата меѓу Ферстапен и Норис за третото место. Возачот на Мекларен на четири круга до крајот успеа да излезе пред Ферстапен, но стјуардите оценија дека претекнувањето било неправило, Норис доби казна од пет секунди, заврши четврти, зад Ферстапен, а пред тимскиот колега Оскар Пјастри.

Шести беше Расел, кој на два круга пред крајот го помина Серхио Перез од ред Бул. Бодови освоија и возачите на Хас, РБ и Вилијамс: Нико Хулкенберг, Лијам Лосон и Франко Колапинто.

Следната трка, 20. во сезоната се вози во Мексико.

Share
Scroll to Top