Возачот на Мекларен, Лендо Норис, признава дека е безмилосен и дека не сочувствува со својот колега, Австралиецот Даниел Рикардо и неговите проблеми со адаптирањето на новиот болид на стартот на сезоната.
Австралиецот првпат беше побрз од Норис по трансерот од Рено на Шпанското ГП, откако имаше големи проблеми на првите трки, како елиминацијата во првата квалификациска сесија во Португалија.
„Искрено, не. Не сакам да звучам зло, но немам симпатии. Тој самиот направи одлука да дојде во Мекларен, а секој возач бира каде ќе вози и како ќе заврши добра работа. Толку е едноставно. Тој самиот треба да биде подобар и да се чувствува подобро. Немам симпатии кон некого кому му е тешко, бидејќи таков е животот на возачите“, вели Норис.
Мекларен ја почнаа сезоната како трет најдобар тим пред Ферари, но поради проблемите на Рикардо не успеаја да се искачат на третото место во генерален пласман.
„Во споредба со другите тимови, ние се тркаме со Ферари. Тие имаат два силни возачи и затоа се горе. Со двата силни болиди ќе можеме да бидеме подобри и да се искачиме погоре“, вели Норис.