Леота: И утревечер Рашфорд нека остане на клупа!

Леота: И утревечер Рашфорд нека остане на клупа!

пред 3 години

Големото финале на ЕУРО 2020 е утре од 21 часот на „Вембли“, а во таа пригода згодната италијанска спортска новинарка Дилета Леота напиша колумна за „Сан“. Таа наведува кои се нејзините предвидување за финалето, но потенцира и кој фудбалер од „Гордиот Албион“ не сака да го види на теренот.

„На Италија нема да и биде лесно со Англија, дома и пред нивните навивачи. Англија има гранитна одбрана, а во нападот Герет Саутгејт може да се потпре на силата на Хари Кејн и на брзината на Рахим Стерлинг – двајца шампиони кои би сакала еден ден да ги видам во Италија, па макар и на интервју“ пишува Леота.

Таа е изненадена од фактот што во ударната постава на Англичаните нема место за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

„Зачудена сум што талент каков што е Маркус Рашфорд нема место во првата постава на Англија. Мислам дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, заедно со Мбапе и Халанд. Има техника, брзина, сила и креативност. Се надевам дека и утревечер Саутгејт ќе го остави на клупа“ вели Дилета Леота.

Рашфорд ниту еден меч на првенството не беше стартер.

Share
Scroll to Top