Лестер го купуваат напаѓачот на Салцбург, Дака

Лестер го купуваат напаѓачот на Салцбург, Дака

пред 3 години

Ѕвездата на Ред бул Салцбург, Патсон Дака потврди дека ќе се приклучи на премиерлигашот Лестер сити по шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Тотенхем и Ливерпул.

Се верува дека Салцбург ќе добие околу 30 милиони евра, откако Брендан Роџерс успеал да го убеди замбискиот напаѓач дека во неговиот тим ќе биде постојан првотимец.

„Ќе одам во Англија, во Лестер сити. Во Салцбург беше фантастично, овој град стана мојот втор дом и секогаш ќе се враќам тука, но Премиер лигата секогаш ми беше сон“, вели Дака за весникот „Кроне“.

22-годишниот напаѓач се смета за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, откако постигна 27 гола во 28 меча за Салцбург да стигне до петтата последователна титула во австриската Бундеслига. Дака е во Салцбург од 2017 година, станувајќи дел од младинскиот тим, пред да биде промовиран во првиот тим во 2019.

Тој е последната ѕвезда на австрискиот клуб кој прави голем трансфер, по Ерлинг Халанд, Садио Мане и Такуми Минамино.



Share
Scroll to Top