Лејкерси ја добија класиката во Бостон, ниту Дончиќ не го спаси Далас

Лејкерси ја добија класиката во Бостон, ниту Дончиќ не го спаси Далас

пред 3 години

Во најсилната кошаркарска светска лига ноќеска се одиграа 8 натпревари.

ЛА Лејкерс како гостин славеше победа на за нив секогаш незгодниот терен во Бостон благодарејќи на Ентони Дејвис кој се врати по кратката пауза поради повреда. „Езерџиите“ славеа триумф со 96-95, а Дејвис постигна 27 поени и имаше 14 скока. Покрај него, 21 поен постигна Леброн Џејмс, а кај Бостон Џејсон Татум броеше до 30. Веднаш зад него беше клупскиот колега Џејлен Браун со 28 поени.

Демијан Лилард направи шоу во Чикаго откако „биковите“ ги спакува со 2 тројки за помалку од 9 секинди и на Треилблејзрси им донесе победа од 123-122 иако неговиот тим на 11.5 секунди до крајот имаше -5.

Лилард мечот го заврши со 44 поени, додека Енес Кантер додаде 22 поени со 11 скока.

Кај Чикаго најефикасен беше Лари Мерканен со 31 поен.

Далас се наоѓа во црна серија. Маверикси синоќа го доживеаја петтиот пораз во низа и паднаа на 13-то место на Западот. Овојпат подобри од нив беа Феникс Санс со 111-105.

Крис Пол беше најдобар кај „сонцата“ со 29 поени и 12 асистенции, а и Деандре Ејтон придонесе со дабл-дабл ефект, 18 поени и 17 скока.

Кај „телињата“ Лука Дончиќ постигна 29 поени, а Тим Хардавеј Јуниор 19.


Ова се сите ноќешни резултати:

Шарлот – Милвоки 126-114
Чикаго – Портланд 122-123
Мајами – Сакраменто 105-104
Њу Орлеанс – Хјустон 112-126
Бостон – ЛА Лејкерс 95-96
Сан Антонио – Мемфис 112-129
Далас – Феникс 105-111
Голден – Стејт – Детроит 119-81

Share
Scroll to Top