Ливерпул без Алкантара до крајот на годината

Ливерпул без Алкантара до крајот на годината

пред 3 години

Фудбалерот на Ливерпул, Тијаго Алкантара, нема да му биде на располагање на својот тренер Јирген Клоп до крајот на годината. Самиот Клоп потврдил дека Шпанецот ќе се врати во тимот на почетокот на 2021 година.

Тијаго Алкантара, кој во летниот преоден рок од Баерн Минхен се пресели во Ливерпул, пред еден месец го повреди коленото.

Ливерпул, вечерва во Лигата на шампионите ќе го пречека Ајакс. Покрај Алкантара, дуелот ќе го пропуштат и Џејмс Милнер, кој се повреди во саботата против Брајтон, односно голманот Алисон Бекер, кој бил позитивен на коронавирусот.

Од претходно е познато дела подолга пауза ги очекува Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез.

Share
Scroll to Top