Ливерпул го доведе вториот најскап дефанзивец во својата историја

Ливерпул го доведе вториот најскап дефанзивец во својата историја

пред 3 часа

Ливерпул официјално го потврди доаѓањето на Жереми Жаке. 20-годишниот француски стопер пристигна од Рен. Вредноста на трансферот е околу 60 милиони евра, на кои можат да се додадат до 10 милиони евра преку бонуси, што го прави еден од најскапите засилувања во историјата на клубот.

Со овој трансфер, Жаке стана вториот најскап дефанзивец во историјата на Ливерпул, веднаш зад Вирџил ван Дајк, кој пристигна од Саутемптон во 2018 година и ја промени модерната историја на клубот. Младиот Французин потпиша петгодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона.

Ливерпул го обезбеди овој потпис во конкуренција на неколку големи европски клубови, а во Англија е прогласен за играч за сегашноста и иднината. Тој се смета за современ стопер кој се карактеризира со физичка сила, смиреност во изградбата на играта и технички квалитет потребен за тим кој сака да гради напади од задната линија.

И покрај својата младост, тој веќе има искуство од играње во првата француска лига и поминал низ помладите возрасни групи на репрезентацијата. Со француската репрезентација до 19 години стигна до финалето на Европското првенство во 2024 година, каде што беше вклучен во најдобриот тим на турнирот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top