Ливерпул во последните часови од 2020 година го реализираше трансферот на младиот српски фудбалер Стефан Бајчетиќ. Стефан има 16 години, син е на поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Срѓан Бајчетиќ. Во Ливерпул тој пристигна од Селта за 250.000 евра.
Ливерпул брзаа да го реализираат овој трансфер пред почетокот на 2021 година, бидејќи по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, клубовите повеќе не можат да носат странски фудбалери пред ите да станат полнолетни.
Покрај Ливерпул за Бајчетиќ сериозен интерес покажале и од Манчестер јунајтед, но тој го одбрал тимот од „Енфилд“.
Бајчетиќ е централен дефанзивец, а може да игра и како лев бек. Ова момче стана четврти играч од Србија, кој во овој век потпишал за Ливерпул. Пред него црвениот дрес го носеа Милан Јовановиќ, Лазар Марковиќ и Марко Грујиќ.