Ливерпул најдоа шкотска замена за Вајналдум

Ливерпул најдоа шкотска замена за Вајналдум

пред 3 години

Ливерпул се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Џон Мекгин, и сметаат на Шкотланѓанецот како на вистинска замена за Жоржињо Вајналдум кој замина во ПСЖ, тврди „Атлетик“.

Јирген Клоп бил импресиониран од Мекгин при 7:2 победата на Астон вила над Ливерпул во октомври, и наводно го прашал Енди Робертсон, соиграчот на Мекгин во репрезентацијата, дали „тој сопира со трчањето“.

26-годишниот Мекгин потпиша нов петгодишен договор со Астон вила во декември, така што би била потребна сума од речиси 50 милиони фунти, средства за кои Ливерпул би требало да продадат некој играч за да ги обезбедат.

Вила ова лето веќе го донесоа Еми Буендија од Норич за рекордни за клубот 40 милиони фунти и го вратија ветеранот Ешли Јанг од Милан, а се верува дека Мекгин не е единствениот фудбалер кој може да замине ова лето од „Вила парк“. Џек Грилиш, првата ѕвезда на тимот, наводно е високо на листата на Манчестер сити ова лето.

Share
Scroll to Top