Ливерпул на крилата на Салах до прва сезонска победа – настрадаа „канаринците“

Ливерпул на крилата на Салах до прва сезонска победа – настрадаа „канаринците“

пред 3 години

Избраниците на Јирген Клоп рутинирано стигнаа до првиот триумф во првиот меч од новата сезона во англиската Премиерлига. Нагости кај Норич триумфираа со 3-0.

Мохамед Салах асистираше во 26 минута, а Диего Жота реализира за почетно водство.

Во вториот дел токму играчот кој го замени стрелецот на голот се запиша во листата на стрелците. Фирмињо во 61 минута влезе во игра, а 4 минути подоцна ја дуплираше предноста на „црвените“. И повторно Салах беше асистент.

Точка на мечот, кога се работи за крајниот резултат стави токму Мо Салах со неговиот погодок во 74 минута, за круна на неговата одлична партија.

Домаќините беа инфериорни во текот на целиот меч и упатија само два удари во рамките на голот на Алисон Бекер.

Share
Scroll to Top