Ливерпул, Јунајтед и Владата на Обединетото Кралство против Маск, „Грок“ и мрежата „X“

Ливерпул, Јунајтед и Владата на Обединетото Кралство против Маск, „Грок“ и мрежата „X“

пред 2 часа

Владата на Велика Британија изјави дека експлицитните и навредливи објави што циркулираат на мрежата „X“, генерирани од алатката за вештачка интелигенција „Grok“, поврзани со трагедиите во Хилсборо, Хејсел, Михнен и смртта на Диого Жота и неговиот брат, се „неодговорни и болни“.

Владата вели дека овие најави „одат против британските вредности и пристојност“. Сите тие се создадени од корисници на мрежата „X“ кои бараат од „асистент“ со вештачка интелигенција да креира вулгарни објави за Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Со забелешка дека тој ги креира објавите „без резерва“.

И Ливерпул и Манчестер Јунајтед испратија жалби до раководните структури на мрежата „X“, вклучувајќи го и самиот Елон Маск. Со часови, објавите циркулираа на мрежата, а досега само некои од нив се отстранети.

Меѓу другото, во бројни објави беше напишано дека навивачите на Ливерпул се виновни за смртта на 70 луѓе во Хилсборо, дека Диого Жота го убил својот брат, а имаше и исклучително навредливи написи за страдањето во Хејсел и трагедијата на играчите на Манчестер Јунајтед во Минхен.

Четботот „Grok“ „објасни“ дека објавите се креирани на барање на корисникот, дека немало цензура и дека некои објави биле избришани по жалбите.

Министерството за наука, иновации и технологија во соопштението наведе дека услугите за вештачка интелигенција мора да функционираат во согласност со законите за интернет безбедност.

Според Би-Би-Си, мрежата „X“ ги испитува жалбите и целата ситуација.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top