Ливерпул ќе „загубат“ 20 милиони евра поради повредата на Кутињо

Ливерпул ќе „загубат“ 20 милиони евра поради повредата на Кутињо

пред 3 години

Ливерпул ќе ја загубат шансата уште еднаш убаво да заработат на Филипе Кутињо, откако Бразилецот се повред и го очекува пауза од најмалку пет месеци по операцијата на коленото.

28-годишниот Кутињо доби нова шанса во Барселона, но малерот повторно удри, и тој нема да стигне до 100 настапи за каталонскиот клуб, што беше услов Ливерпул да добие дополнителни 18 милиони фунти за трансферот, кој требаше да достигне максимални 145 милиони фунти.

Барса првично плати 109 милиони фунти на „црвените“, а преостанатите 36 милиони фунти беа ограничени со услови, од кои најголемиот е бројот на одиграни мечеви. Покрај потенцијалните 18 милиони фунти за 100 настапи, Бразилецот веќе ги чинеше Барса дополнителни 9 милиони фунти откако клубот се квалификуваше за Лигата на шампионите во 2018/19 и 2019/20. Дополнителни 9 милиони фунти беа пропуштени бидејќи клубот не освои титула во тие две сезони.

Share
Scroll to Top