Лига 1 ги казни Ленс и Лил

Лига 1 ги казни Ленс и Лил

пред 3 години

Дисциплинската комисија на Лига 1 ги казни Ленс и Лил за инцидентите кои се случија на натпреварот во саботата.

Дуелот во еден момент беше прекината кога домашните навивачи влетаа на теренот во обид да се пресметаат со гостинските фанови.

Ленс, наредните два натпревари како домаќин ќе ги игра пред празни трибини, додека Лил на еден натпревар на гостински терен нема да ја има поддршката на своите навивачи.

Лига 1 оваа сезона се соочува со големи проблеми во организацијата на натпреварите. Дуелот помеѓу Ленс и Лил е третиот кој привремено бил прекинат поради дивеењето на навивачите.



Share
Scroll to Top