Лидс со рутинска победа над Кристал палас

Лидс со рутинска победа над Кристал палас

пред 3 години

Лидс се врати на победите во Премиер лигата, откако со 2:0 ги совладаа Кристал палас на „Еланд роуд“, не дозволувајќи тимот на Рој Хоџсон да сврзе три победи во низа.

Џек Херисон ги донесе домаќините во водство уште во третата минута, пред Патрик Бемфорд да ја продолжи одличната голгетерска низа со гол во 52. минута за 2:0. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, како постојано во последно време, беше стартер во тимот на Марсело Биелса и ги одигра сите 90 минути.

Со победата, Лидс скокнаа на 10. место на табелата со 32 поени, додека Палас сега се 13. со 29 поени.

Share
Scroll to Top