Портланд, Милвоки и Феникс се договорија за трејд, пренесуваат американските медиуми.
Милвоки Бакс ќе го добијат Демиен Лилард, Феникс Санс ќе го добијат Јусуф Нуркиќ, додека Деандре Ејтон следната сезона ќе игра за Портланд Блејзерс.
Покрај Ејтон, Портланд треба да ги добие и Џру Холидеј, Тумани Камара и пик од првиот круг на драфтот во 2029 година.
Покрај Нуркиќ, Феникс во своите редови ќе ги има уште Грејсон Ален, Насир Литл и Кион Џонсон.
Секако, Лилард е најпознатото име во овој трејд, тој ќе му се приклучи на тимот предводен од Јанис Адетокумбо.
Лилард, шестиот пик на драфтот во 2012 година, во текот на сите овие години седум пати играше на Ол-стар натпреварот, во 2018 година беше избран во најдобрата петорка на лигата, во 2013 година беше најдобар дебитант, а оваа година победи во шутирање тројки.
Тој во досегашната кариера има просек од 25,2 поени, 6,7 асистенции и 4,2 скока.