Лил го направи незвозможното и му ја грабна титулата на ПСЖ

Лил го направи незвозможното и му ја грабна титулата на ПСЖ

пред 3 години

Лил по четврти пат стана шампион на Франција, во можеби најголемото изненадување во топ 5 лигите од титулата на Лестер во Премиер лигата, откако во последното коло на Лига 1 не дозволи изненадување и со 2:1 го победи Анжер за да ја заддржи предноста од далеку побогатиот Пари Сен-Жермен, кои со 0:2 победија кај Брест.

Тимот на Криштоф Галтие во последните кола го изддржа притисокот на ПСЖ, за да ја освои својата прва титула од 2011 година, за прекинување на низата на „светците“. Џонатан Дејвид ги донесе Лил во водство уште во 10-тата минута, за потоа ветеранот Бурак Јилмаз од пенал во 45. минута да зголеми на 0:2. Анжер успеа да намали во 91. минута преку Фулњини, но победата беше доволна за славје на гостите.

ПСЖ пак, против Брест, стигнаа до 0:2 победа, која на крајот не беше многу важна. Нејмар утна пенал во 17. минута, пред во финишот на првото полувреме Анхел ди Марија да погоди од корнер, за Килијан Мбапе во 71. минута да ги постави конечните 0:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top