Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во третото коло на ИТФ фјучерс турнирот кој се игра во Оточец, Словенија. Таа во втората рунда беше подобра од Пиа Ловриќ од Словенија.
Ѓорческа го доби дуелот со 2:0 во сетови за еден час и 30 минути.
Нашата тенисерка го освои првиот сет со 6:4 во гемови, а идентично успеа да слави и во вториот сет.
Ѓорческа во следната рунда ќе игра со Ламенс од Холандија или со Танасие од Романија.