Лингард во Нотингем Форест

Лингард во Нотингем Форест

пред 2 години

Англискиот фудбалер Џеси Лингард е нов играч на Нотингем Форест, соопшти клубот.
Офанзивниот играч за врска доаѓа во Нотингем по поминати 22 години во Манчестер јунајтед.

Со враќањето на Нотингем Форест во Премиер лигата по 23 години, тој потпиша едногодишен договор. Неделно ќе заработува 200.000 фунти.

Во дресот на Јунајтед одигра 230 натпревари и постигна 35 гола.
Додека играше за Јунајтед, 29-годишниот фудбалер беше на позајмица во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хем.

Така тој стана 11. засилување за Нотингем Форест. Првиот натпревар во Премиер лигата Нотингем Форест ќе го одигра на 6. август на гостувањето кај Њукасл.

 

Share
Scroll to Top