Норвежанецот Мариус Линдвик триумфираше на натпреварите во скијачки скокови во полскиот Закопане, победувајќи го Германецот Карл Гајгер и Словенецот Анже Ланишек.
За 23-годишниот Линдвик ова е втора победа оваа сезона и петта вкупно во кариерата, откако триумфираше и во Бишофсхофен, на последната станица од новогодишната турнеја. Тој беше само трет по првата серија, пред да триумфира со скок од 139.5 метри.
„Беше интересно по првата рунда, но потоа работите совршено се вклопија за мене. Секогаш е чест да се биде на подиумот во Закопане“, изјави Норвежанецот.
Јапонецот Рјоју Кобајаши, лидерот во генерален пласман и двократен освојувач на „4 Скокалници“ беше лидер по првата серија по скок од 136 метри, но на крајот заврши само како четврти.
Norjan Marius Lindvik liiteli tänään Zakopanessa voittoon tällä toisen kierroksen komealla 139,5-metrisellä hypyllä. ?#ViaplayTalvi pic.twitter.com/CX4tdVL7so
— Vsportsuomi (@VSportSuomi) January 16, 2022