Липи: Барела е првата ѕвезда на Италија на ЕУРО 2020

Липи: Барела е првата ѕвезда на Италија на ЕУРО 2020

пред 3 години

Марчело Липи, селекторот со кој Италија го освои Светското првенство во 2006 година, смета дека фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела е првата ѕвезда во тимот на Роберто Манчини пред ЕУРО 2020.

Во интервју за „Ла газета дело спорт“, Липи смета дека оваа Италија може да стигне до титулата, и смета дека поранешниот фудбалер на Каљари ќе „блесне“ на турнирот.

„Барела е првата ѕвезда. Не се работи за нов фудбалер, по две години со Интер и во Лигата на шампионите, но тој ќе биде најпријатното изненадување на турнирот. Неговото време пристигна. Ми се допаѓа како игра, како се бори, како трча. Тој е нашата прва ѕвезда“, вели Липи.

Тој додава дека „аѕурите“ не се свесни за својата сила, но исто така додава дека не верува дека тие ќе се „занесат“.

„Овие момци знаат како да победуваат. Свесни се дека можат да бидат супериорни, но мислам дека се подготвени за големи работи“, вели Липи.

Share
Scroll to Top