ЛН: Ерменците со голема победа во Грузија, Вајналдум донесе победа за Холандија

ЛН: Ерменците со голема победа во Грузија, Вајналдум донесе победа за Холандија

пред 3 години

Ерменија со 2:1 на гости ја совлада Грузија во претпоследното коло од Лигата на нации за да обезбедат пресметката со Македонија во среда да биде директен дуел за тоа кој ќе се пласира во Лига Б следната сезона.

Друг следен противник на Македонија, овојпат на ЕП следната година, Холандија со 3:1 ја совладаа Босна и Херцеговина за да останат во игра за пласман на фајнал фор турнирот во натпреварувањето на УЕФА.

Геворг Гавазјан им донесе водство на Ерменците во Батуми во 33. минута, но домаќините успеаја да израмнат со гол од пенал преку Вако во 65. минута, пред напаѓачот на Хофенхајм, Саргис Адамјан во 86. минута да обезбеди победа за гостите. Овој резултат значи дека Ерменците можат да не „изместат“ од првото место во групата 2 со победа во Кипар во среда, додека на нас ни е потребно само реми за да влеземе во Лига Б.

Холандија со двата гола на Џиџио Вајналдум и со голот на Мемфис Депај стигна до 3:1 победа над Босна и Херцеговина, за да се искачи на првото место во тесната група 1 во Лига А, каде што вечерва играат Италија и Полска.

Во Лига Б, Финска со 2:1 ја совлада Бугарија на гости, за да обезбеди директен дуел со Велс за пласман во елитната Лига А, додека Турција ги искомпликува работите во групата 3 по 3:2 победата над Русите. Белорусија и Албанија исто така ќе имаат директна пресметка за влез во Лига Ц по лесните победи.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Холандија – Босна и Херцеговина 3:1

Италија – Полска 20.45 ч.

Табела: 1.Холандија 8, 2.Полска 7, 3.Италија 6, 4.БиХ 2

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Турција – Русија 3:2

Унгарија – Србија 20.45 ч.

Табела: 1.Русија 8, 2.Унгарија 7, 3.Турција 6, 4.Србија 2

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Бугарија – Финска 1:2

Велс – Ирска 1:0

Табела: 1.Велс 13, 2.Финска 12, 3.Ирска 2, 4.Бугарија 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Македонија – Естонија 2:1

Грузија – Ерменија 1:2

Табела: 1.Македонија 9, 2.Ерменија 8, 3.Грузија 6, 4.Естонија 3

ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Албанија – Казахстан 3:1

Белорусија – Литванија 2:0

Табела: 1.Белорусија 10, 2.Албанија 8, 3.Литванија 5, 4.Казахстан 4

ХОЛАНДИЈА – БИХ

ВЕЛС – ИРСКА

Share
Scroll to Top