Ловрен лут на властите во Хрватска: Играме на најгрдиот стадион во Европа

Ловрен лут на властите во Хрватска: Играме на најгрдиот стадион во Европа

пред 4 години

Репрезентацијата на Хрватска е редовен учесник на големите фудбалски натпреварувања, имаат играчи најдобри во светски рамки, но клупскиот фудбал е далеку зад тоа, со исклучок на Динамо Загреб.

Неодамна селекторот на Шведска, Јане Андерсон прокоментира за стадионот „Максимир“ во Загреб: „Тоа е еден стар, досаден, залосен источно-европски стадион“.

„Максимир“ со години е во состојба на распаѓање, па денеска по тој повод свој коментар даде и хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен пред мечот што „коцкастите“ ќе го одиграат против светскиот шампион Франција во рамки на Лигата на нации.

„Сите репрезентации ни се чудат како можело да сме светски вицешампиони во вакви услови. На мечот со Шведска дојдоа 2-3.000 луѓе на најгрдиот стадион во Европа. Луѓето немаа чадори, наврнаа, ми дојде да одам и еден по еден да им ја стиснам раката. Недопустливо е репрезентација како нашата да дојде овде и да слуша навреди од шведскиот селектор, и тоа со право. Очигледно дека некои приоритети во земјава не штимаат. Мислам дека ќе се разбудиме дури кога Србија ќе направи национален стадион“ – рече резолтираниот Дејан Ловрен.

Share
Scroll to Top