Лоши вести за Зидан, Бразилецот Родриго 3 месеци во аут!

Лоши вести за Зидан, Бразилецот Родриго 3 месеци во аут!

пред 3 години

Бразилскиот фудбалер Родриго, од Реал Мадрид поради повреда на тетивата на коленото на мечот против Гранада ќе биде надвор од теренот во следните 3 месеци, пренесе шпанска „Марка“.

Од клубот потврдија за каква повреда се работи, но не сакаа да коментираат колку долго младиот крилен напаѓач ќе паузира. Родриго повредата ја заработи во 35 менута од мечот против Гранада, во средата.

Потрча по една топка на противничката половина, а минимално беше оттурнат од противнички играч, по што Родриго падна на тревата и веднаш повика лекарска помош.

Беше изнесен на носилки.

Божик го дочека со помагала:

Share
Scroll to Top