Лош прв сет па рутинска победа – Ѓоковиќ го победи Бруксби

Лош прв сет па рутинска победа – Ѓоковиќ го победи Бруксби

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ, со мали проблеми, избори пласман во четврт-финалето на Ју-ес опен. Ѓоковиќ со 3:1 (1/6, 6/3, 6/2, 6/2), славеше над талентираниот Американец Џенсон Бруксби.

Ѓоковиќ, како и во претходното коло против Нишикори, беше пасивен во првиот сет, не искористи брејк топка во првиот гем и потоа речи без борба му дозволи на Бруксби убедливо да го освои сетот.

Првиот носител, од вториот сет, заигра многу подобро, ја крена играта на повисоко ниво и лесно го доби наредните три сета.

Во четврт-финалето го чека Матео Беретини. Ќе биде тоа реприза на финалето на Вимблдон, кое му припадна на Ѓоковиќ со 3:1.

Share
Scroll to Top