Лудо дерби – Победа на Борусија во Леверкузен

Лудо дерби – Победа на Борусија во Леверкузен

пред 3 години

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа брилијантен натпревар, кој сигурно ќе влезе во конкуренција за меч на сезоната во Бундес лигата. „Милионерите“ од Дортмунд, во четвртото коло, победија во Леверкузен со 4:3.

„Фармацевтите“, први стигнаа до предност, преку Вирц во деветата минута. Ерлинг Халанд израмни на 1:1 во 37.минута, а во финишот на првиот дел Патрик Шик им донесе нова предност на Баер.

По само четири минути игра во вториот дел израмни Јулијан Бранд, но Баер уште еднаш се вратија во водство, преку Муса Дијаби во 55.минута.

На крајот Борусија наорави пресврт и победи, со головите на Рафаел Гереиро во 71. и Халанд од пенал во 75.минута.

Share
Scroll to Top