Лајпциг со неверојатен пресврт над Борусија Менхенгладбах, ја задржа негативата од два бода во однос на лидерот Баерн. Во 23.коло, Лајпциг слаеа над Борусија со 3:2, иако на полувреме губеа 0:2. Голот за победа го постигна Нпрвежанецот Сорлот в 93 минута.
Борусија, во целост доминираше во првиот дел, таквата игра им донесе предност од два гола. Во шестата минута Хофман од пенал го постигна првиот гол, а 13 минути подоцна на 0:2 зголеми Турам.
Во второто полувреме, фудбалерите на Бирусија исчезнаа од теренот, играа само нивните противници, кои на крајот и се радуваа на победата.
Енкунку во 57.минута го намали резултатот, а девет минути подцна израмни Поулсен. Конечниот резултат го постави Сорлот во 93 минута.
Лајпциг со шестата победа во низа остана на два бода оддалечен од Баерн. Баварците имаат 52, а Лајпциг 50 бодови.