Луис де ла Фуенте најдобар тренер

Луис де ла Фуенте најдобар тренер

пред 2 часа

На свечената церемонија на доделувањето на Златната топка, наградата за најдобар тренер ја доби селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

Де ла Фуенте, во јули оваа година, ја предводеше Шпанија до титулата на Светското првенство, одржано во САД, Мексико и Канада. Во финалето, по продолженијата, Шпанците ја победија Аргентина со 1:0.

„Чест е да се добие оваа награда. Посебно е да се биде номиниран, сите номинирани направија многу и тие исто така ја заслужуваат наградата. Оваа награда е колективна. Имам еден од најдобрите стручни штабови во светот, опкружен сум со експерти. Благодарност до сите од шпанската федерација што ни дозволија да го развиеме овој проект. Благодарност до моето семејство, до оние што се тука и до оние што повеќе не се. Фудбалот е како животот, нè учи дека ништо не трае вечно. Сакам да продолжам да учам. Тимската работа нè прави непобедливи“, рече селекторот на Шпанија.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top